Враќање и рекламации
Сакаме да бидете задоволни од секоја нарачка. Ако нешто не е во ред, јавете ни се и ќе го решиме.
Право на враќање во рок од 15 дена
Производ купен онлајн можете да го вратите без да наведете причина, во рок од 15 дена од денот кога ја примивте пратката.
- Производот треба да е неотворен и неупотребен, во оригиналното пакување и со неоштетена заштитна лента.
- Од хигиенски и здравствени причини, не може да се врати храна, пијалок, додаток во исхраната или козметика што е отворена откако ја примивте.
- Трошокот за враќање на пратката го плаќа купувачот, освен ако производот е оштетен или погрешно испорачан.
Како да вратите производ
- Јавете ни се или пишете на Viber на 073/857-133, или пратете порака преку контакт формата. Наведете го името од нарачката и кој производ го враќате.
- Ќе ви кажеме на која адреса и на кој начин да го пратите производот.
- Откако ќе го примиме и прегледаме производот, парите ви ги враќаме на вашата трансакциска сметка најдоцна за 15 дена.
Оштетен или погрешен производ
Ако пратката пристигне оштетена или во неа има погрешен производ, јавете ни се во рок од 3 дена од приемот, по можност со фотографија. Ќе ви пратиме нов производ или ќе ви ги вратиме парите, без трошок за вас. Ако кутијата е видливо оштетена уште при предавањето, побарајте од курирот да го запише тоа.
Рок на траење
Сите производи ги испраќаме во оригинално пакување, со рок на траење отпечатен на амбалажата. Ако добиете производ со истечен рок, ќе го замениме без трошок за вас.
Контакт
Телефон и Viber: 073/857-133
Е-маил: aloeveragel.mk@gmail.com
