Политика за приватност
Оваа страница објаснува кои лични податоци ги собира aloeveragel.mk, зошто ги собира и кому ги дава. Податоците ги обработуваме согласно Законот за заштита на личните податоци.
Кои податоци ги собираме
- При нарачка: име и презиме, телефонски број, адреса за достава и, ако го внесете, е-маил.
- При мислење за производ: име, град и оценката и текстот што ги пишувате. Телефонот, ако го внесете, служи само за ознаката „Потврден купувач“ и не се објавува.
- При пријава за потсетник или новости: е-маил адресата.
- При најава на профил: е-маил и име од сметката со која се најавувате.
- При посета на сајтот: технички податоци за прелистувачот и страниците што ги гледате, преку колачињата наведени подолу.
Зошто ги користиме
- за да ја испорачаме нарачката и да ве контактираме ако имаме прашање за неа;
- за да ви пратиме потврда за нарачката, а по испораката и една порака со која ве прашуваме за мислење;
- за потсетникот за повторна нарачка, само ако сте го побарале;
- за промоции и новости, само ако сте се пријавиле за нив;
- за да видиме како се користи сајтот и да го подобриме.
Кому ги даваме
Податоците не ги продаваме. Ги добиваат само услугите без кои продавницата не може да работи:
- Курирската служба (Eco Logistics) – име, телефон, адреса и износ за наплата, за да ја достави пратката;
- Google – Gmail за праќање е-пошта, Google Analytics за статистика на посети;
- Meta (Facebook пиксел) – за мерење на рекламите;
- Auth0 – за најава на профил.
Колачиња (cookies)
Сајтот користи колачиња од Google Analytics, Google и Meta за статистика и мерење на рекламите, и локално складирање во прелистувачот за содржината на кошничката. Колачињата можете да ги избришете или блокирате во поставките на вашиот прелистувач – кошничката и нарачката работат и без нив.
Колку долго ги чуваме
Податоците од нарачките ги чуваме онолку колку што бараат даночните и сметководствените прописи. Е-маил адресата за новости ја чуваме додека не се одјавите, а адресата за потсетник се користи само за еден мејл.
Вашите права
Имате право да побарате увид во податоците што ги имаме за вас, да ги исправите, да побарате да ги избришеме или да се откажете од промотивни пораки. Пишете ни на aloeveragel.mk@gmail.com или јавете се на 073/857-133. Ако сметате дека податоците не ги обработуваме правилно, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
