Плаќање при достава низ цела Македонија

Попуст од 5% на

Контакт телефон 073/857-133

logo

Поддршка за здрави коски и оптимална апсорпција - Forever Calcium


1562 ден.

1644 ден.

  • Оригинален Forever Living производ
  • Плаќање при достава, во готово
  • Достава низ цела Македонија за 2–7 работни дена
  • Бесплатна достава за овој производ

Често се купува заедно

  • Поддршка за здрави коски и оптимална апсорпција - Forever Calcium1562 ден.
  • Алое вера гел за пиење | Forever Aloe Vera Gel 1 л1902 ден.
  • Алое стик | Aloe Ever-Shield Deodorant Stick531 ден.

Вкупно: 3995 ден.

90 таблети


Својства

Сите знаеме дека треба да се грижиме за кардио-васкуларниот систем и мускулите, но малкумина обрнуваат внимание на основата на здравата физичка состојба и на активниот начин на живот-коските. Коските претставуваат рамка која ги поткрепува останатите органи во телото. Ако тие не се здрави, дури и најмалиот физички напор може да доведе до фрактури кои ќе го оневозможат движењето.

 

Тајната на здравите коски се крие во минералот кој е присутен во најголемо количество во нашиот организам – калциумот. Ако тој е во најголема количина во нашиот организам, зошто е неопходно да го примаме како додаток во исхраната? Одговорот е едноставен. Речиси 99% од калциумот во нашето тело е постојано складиран во коските и забите, за да ја одржува нивната цврстина. Останатиот 1 % е неопходен за ткивата и крвта, во кои тој придонесува за размената на материите на клеточно ниво.

 

Исхраната која е богата со калциум ви гарантира дека организмот добива доволно од скапоцениот минерал, а калциумот во коските може да остане таму и да ги одржува здрави и цврсти. Но ако не внесуваме доволно калциум со храната, во тој случај телото го извлекува калциумот од коските за да ги поддржи останатите функции. По извесно време, постепената загуба на коскената материја како последица од внесувањето на храна сиромашна со калциум, ги прави коските кревки, со помала густина и подложност на фрактури. Ова особено важи за жените по менопаузата.

 

За одржување на здраво ниво на калциум во коските неопходно е секојдневно да внесуваме доволно количество од тој минерал. Повеќето од нас не сакаат или немаат можност да внесуваат доволно храна богата со калциум, како млечни производи, соја и јатки. Затоа се смета дека во исхраната на современата жена калциумот и железото се најдефицитарните минерали.

 

Формулата на Forever Calcium е уникатна и гарантира максимална апсорпција. Обновениот додаток на исхрана на Форевер ги комбинира калциумот со патентирани форми на магнезиум, цинк, манган и бакар, плус витамините С и D.

Форевер ви нуди лесен и ефикасен начин да го обезбедите неопходниот калциум за здрави коски и активен живот.

 

Состав

Калциум (калицум бисглицинат, калциум цитрат, калциум карбонат) 200 mg
Магнезиум (магнезиум оксид, магнезиум бисглицинат) 75 mg
Витамин С (калциум L-аскорбат) 20 mg
Цинк (цинк бисглицинат) 1,5 mg
Манган (манган бисглицинат) 0,5 mg
Бакар (бакар бисглицинат) 0,25 mg
Витамин Д (како холекалциферол) 1,25 μg

Други состаојки

Микрокристална целулоза, кроскармелозен натриум, стеаринска киселина, силициум диоксид, натриум карбоксиметилцелулоза, декстрин, природна арома на ванила, декстроза, средноверижни триглицериди, натриум трицитрат.

 

Препорака за дозирање

Три таблети дневно со вода.

 

Основни карактеристики

  • Одличен извор на калциум и други важни минерали.

  • Формула за максимално апсорбирање на калциум.

  • Придонесува за поддршка на нормална состојба на коските и забите.

Чести прашања

Каде да купам Поддршка за здрави коски и оптимална апсорпција - Forever Calcium во Македонија?

На aloeveragel.mk. Нарачувате без регистрација, со достава низ цела Македонија и плаќање при достава.

Колку чини Поддршка за здрави коски и оптимална апсорпција - Forever Calcium?

1562 ден. (намалено од 1644 ден.)

Колку чини доставата за Поддршка за здрави коски и оптимална апсорпција - Forever Calcium?

Доставата е бесплатна, бидејќи цената е над 1500 ден.

Како се плаќа Поддршка за здрави коски и оптимална апсорпција - Forever Calcium?

Во готово при достава, кога ќе ја добиете пратката. Не е потребна картичка.

Мислења од купувачи

Сè уште нема мислења. Ако сте го пробале производот, бидете први.

Производи што може да ти се допаднат:

Aloe vera gel - Prirodna nega za zdravje i ubavina so aloe vera. Aloe vera gel - Prirodna nega za zdravje i ubavina so aloe vera.