Плаќање при достава низ цела Македонија

Попуст од 5% на

Контакт телефон 073/857-133

logo

Aloe Bio-Cellulose Mask - Интензивна хидратација за вашата кожа


2322 ден.

2444 ден.

  • Оригинален Forever Living производ
  • Плаќање при достава, во готово
  • Достава низ цела Македонија за 2–7 работни дена
  • Бесплатна достава за овој производ

Често се купува заедно

  • Aloe Bio-Cellulose Mask - Интензивна хидратација за вашата кожа2322 ден.
  • Алое вера гел за пиење | Forever Aloe Vera Gel 1 л1902 ден.
  • Алое стик | Aloe Ever-Shield Deodorant Stick531 ден.

Вкупно: 4755 ден.

5 парчиња по 25 г


Својства

Легнете удобно, опуштете сѐ и дозволете маската од новото поколение длабоко и долготрајно да ја навлажни вашата кожа

 

Најпрогресивната маска на Форевер обезбедува интензивна хидратација која продира длабоко во кожата, се поставува за неколку секунди и не бара плакнење. Ја искористивме ефикасноста и практичната употреба на био-целулозата и ја збогативме со технологија од ново поколение за двофазно корисно дејство.

 

Преку уникатен процес на Форевер ја храниме ацетобактер ксилинум – бактеријата која ја создава био-целулозата, со гелот од алое вера на Форевер и со морска трева, со што ги вградуваме директно во материјалот на маската за да ја навлажнува, омекнува и негува кожата.

 

Зошто био-целулозата е подобра? 

Влакната на маската се 1000 пати пофини од човечката коса што й дозволува лесно да се вклопува во секоја контура на лицето. Така состојките навлегуваат длабоко во фините линии и брчки до кои традиционалните текстилни маски не успеваат да стигнат.

 

Натопена е со активен, хидратантен серум збогатен со природни состојки, оставајќи долготрајно чувство за ревитализирана и сјајна кожа. Откако ќе ја отстраните маската можете да го оставите финиот и ефикасен серум на лицето и вратот, бидејќи нема потреба од плакнење.

 

Додадовме див костен во серумот за да помогнеме за освежување на сувата кожа и намалување на црвенилото, а зелениот чај и антиоксидантите заедно се борат со знаците на стареење и со слободните радикали. Глицеринот е клучна компонента на серумот и обезбедува длабока хидратација.

 

Можете да уживате во сите ефикасни резултати со леснотија. Едноставно одлепете го едниот заштитен текстилен слој од маската и поставете ја. Лесно притиснете ја маската за добро да ја прилепите на лицето и потоа одлепете го и другиот заштитен слој. Опуштете сѐ и почувствувајте како делува подмладувачката моќ на био-целулозната маска. По 20 минути отстранете ја и втријте го останатиот серум во кожата. Материјалот е биоразградлив, што значи дека можете да ја фрлите маската без грижа.

 

Формулата е специјално развиена за сите типови кожа, дури и за чувствителната. За оптимални резултати, користете ја алое био-целулозната маска во комбинација со некоја од популарните козметички серии на Форевер и во комбинација со други од производите за специјализирани резултати.

 

Состав

СAqua, Propanediol, Glycerin, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Caffeine, Aesculus Hippocastanum Seed Extract, Camellia Sinensis Leaf Extract, Sodium Hyaluronate, Hydroxyacetophenone, 1,2-Hexanediol, Glycosyl Trehalose, Mannitol, Xanthan Gum, Hydrogenated Starch Hydrolysate, Hydrolyzed Sclerotium Gum, Ammonium Glycyrrhizate, Zinc Gluconate, Ascorbic acid, Citric Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Phenoxyethanol.

 

Препорачана употреба

  1. Отворете го пакувањето, извадете и одвиткајте ја маската.
  2. Таа е заштитена од двете страни со тенка ткаенина. Одлепете го едниот слој.
  3. Поставете ја маската врз лицето. Притиснете лесно, за добро да прилепи.
  4. Одлепете го вториот слој заштитна ткаенина.
  5. Опуштете сѐ со маската околу 20 минути и потоа отстранете ја. Нема потреба од плакнење, втријте го останатиот серум во лицето и вратот за младешки изглед.

     

Основни карактеристики

  • Длабоко потхранува и интензивно хидрира.
  • Ја подмладува кожата без сјај и ѝ помага во борбата против знаците на стареење.
  • Го смирува и намалува црвенилото.
  • За мека, еластична и сјајна кожа.

Чести прашања

Каде да купам Aloe Bio-Cellulose Mask - Интензивна хидратација за вашата кожа во Македонија?

На aloeveragel.mk. Нарачувате без регистрација, со достава низ цела Македонија и плаќање при достава.

Колку чини Aloe Bio-Cellulose Mask - Интензивна хидратација за вашата кожа?

2322 ден. (намалено од 2444 ден.)

Колку чини доставата за Aloe Bio-Cellulose Mask - Интензивна хидратација за вашата кожа?

Доставата е бесплатна, бидејќи цената е над 1500 ден.

Како се плаќа Aloe Bio-Cellulose Mask - Интензивна хидратација за вашата кожа?

Во готово при достава, кога ќе ја добиете пратката. Не е потребна картичка.

Мислења од купувачи

Сè уште нема мислења. Ако сте го пробале производот, бидете први.

Производи што може да ти се допаднат:

Aloe vera gel - Prirodna nega za zdravje i ubavina so aloe vera. Aloe vera gel - Prirodna nega za zdravje i ubavina so aloe vera.